top of page
  • Татјана Павлова, Магистер по Нутриционизам

ПРИСТАП ДО НЕГА ЗА ДИЈАБЕТЕС: АКО НЕ СЕГА, КОГА?

Дијабетесот е хронична, метаболичка болест која се карактеризира со покачени нивоа на гликоза во крвта (или шеќер во крвта), што со текот на времето доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите. Најчест е дијабетес тип 2, обично кај возрасни, кој се јавува кога телото станува отпорно на инсулин или не произведува доволно инсулин. Во изминатите три децении, преваленцата на дијабетес тип 2 драстично се зголеми во земјите од сите нивоа на приход. Дијабетес тип 1, некогаш познат како јувенилен дијабетес или дијабетес зависен од инсулин, е хронична состојба во која панкреасот произведува малку или воопшто не произведува инсулин сам по себе. За луѓето кои живеат со дијабетес, пристапот до соодветен и ефтин третман, вклучително и инсулин, е од клучно значење за нивниот опстанок. Постои глобално договорена цел да се запре порастот на дијабетес и дебелина до 2025 година.

Во пресрет на светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември 2021 година, значајно е да се напомене и за уште еден јубилеј кој е клучен во борбата со ова нарушување а тоа е одбележување 100 години од откривањето на третманот кој спаси милиони животи ширум светот – инсулинот. Развојот на терапевтскиот инсулин во 1921 година беше значаен чекор напред во историјата на медицината. 100 години подоцна, милиони животи се спасени и подобрени, но инсулинот и другите лекови и нега за дијабетес сè уште остануваат надвор од дофатот на многумина на кои им се потребни.

Пристапот до грижата за дијабетесот е тема на Светскиот ден на дијабетесот 2021-2023 година.


Пристапот до грижата за дијабетесот е тема на Светскиот ден на дијабетесот 2021-2023 година.


WDD е најголемата светска кампања за подигање на свеста за дијабетесот која допира до глобална публика од преку 1 милијарда луѓе во повеќе од 160 земји. Кампањата го привлекува вниманието на прашања од огромно значење и го одржува дијабетесот цврсто во центарот на вниманието на јавноста и на политиката. Светскиот ден на дијабетес (WDD) беше формиран во 1991 година од страна на IDF и Светската здравствена организација како одговор на зголемената загриженост за ескалацијата на здравствената закана што ја носи дијабетесот. Светскиот ден на дијабетес стана официјален ден на Обединетите нации во 2006 година со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 на Обединетите нации. Секоја година се одбележува на 14 ноември, роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест го открил инсулинот во 1922 година.

  • Епидемиологија: Денес речиси 537 милиони возрасни луѓе (20-79 години) живеат со дијабетес односно 1 од 10 возрасни луѓе живеат со дијабетис. Се предвидува дека оваа бројка ќе се зголеми на 643 милиони до 2030 година и 784 милиони до 2045 година. Дијабетесот претставува глобална епидемија која со себе носи опасни животни последици. Може да биде причина за срцев или мозочен удар, слепило, ампутација или ослабување на бубрежната функција.

  • Што претставува преддијабетес: Предјабетесот или нарушената толеранција на гликоза е сериозна состојба која му претходи на развојот на целосната форма на болеста и обично трае 10-12 години пред дијагнозата на дијабетес. Застрашувачки е фактот дека, во склад со нездравиот начин на живот, предјабетесот се јавува кај сè помлада популација, па податоците покажуваат дека ваквата појава е забележана кај 25% од екстремно дебели деца и кај 21% од екстремно дебели адолесценти.

  • Како настанува дијабетесот: Енергијата која ја користи човековото тело е обезбедена првенствено од јаглехидратите од храната, а повеќето ј. хидрати се разложуваат до прост шеќер уште познат како гликоза. Гликозата преку крвотокот се пренесува до клетките и на тој начин го снабдува телото со енергија. Доколку го нема хормонот инсулин или кога неговото ниво континуирано надминува 7 mmol (126 mg/dL), гликозата не може да стигне до клетките и се задржува во крвта. Ваквата патолошка состојба во медицината позната како шеќерна болест или дијабетес.

  • Дијабетес (лат. Diabetes mellitus) е нарушување кое се манифестира со зголемување на нивото на шеќер во крвта и се појавува кога панкреасот целосно или делумно престанува да го произведува хормонот инсулин или произведениот инсулин не е ефикасен во телото. Дијабетесот е едно од водечките хронични заболувања во светот и се јавува во два облика, дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2. Последните години, дијабетесот тип 2 процентуално е застапен 80-90% од вкупниот број дијагностицитрани и станува сè почест кај децата и адолесцентите, особено кај оние кои имаат семејна историја на дијабетес тип 2, или чии мајки имале дијабетес за време на бременоста. Дијабетес тип 1 е значително помалку застапен но загрижувачки е фактот дека се почесто се јавува кај дечиња од најрана возраст.

Изборот на храна е многу важен за луѓето што боледуваат од дијабетес. Користете ја оваа листа како водич.

  • Вметнете што повеќе зеленчук во вашата исхрана (особено зелен лиснат зеленчук), зеленчукот е богат со диетални влакна и содржи минимална количина или воопшто не содржи шеќер. Диеталните влакна имаат улога да ја регулираат гликозата во крвта, да овозможат дополнителни бенефити во поттикнување на добрите бактерии во цревата и на организмот му дадат поголема ситост.

  • Намалете го или исклучете го внесот на грицки бидејќи на тој начин се намалува лачењето на инсулинот и се регулира шеќерот во крвта.

  • Вметнете протеини во исхраната или направете баланс помеѓу проитеините и јагле хидрати. Протеините не содржат шеќер, поспоро се разградуваат во организмот и помагаат во стабилно ослободување на шеќер од намирниците.

  • Избегнувајте преработена храна, може да содржи многу сол, скриени шеќери сиромашна е со диетални влакна и други хранливи состојќи.

  • Отстранете го внесот на слободни шеќери како што се газираните пијалоци, слатки, сосови. Ваквите шеќери телото брзо ги апсорбира и на тој начин влијаат на апсорпцијата на шеќер во крвта и лачењето на инсулинот.

Внимавајте на стилот на живеење: Храната е значаен дел во борбта со дијабетесот но значен дел е и физичката активност, квалитетниот и добар сон, начинот на смалување и регулирање на стресот се исто така значајни фактори за регулацијата на шеќер во крвта.


References:

  1. Diagnosis and Classification of Diabetes Mellitus. American Diabetes Association. Diabetes Care Volume 37, Supplement 1, January 2014

  2. https://www.diabetes.org.uk/get_involved/world-diabetes-day

  3. https://diabetesatlas.org/ , https://worlddiabetesday.org/ , https://www.who.int/health-topics/diabetes#tab=tab_1

  4. Brink J.S., Lee W.R.W., Pillay K. & Kleinebreil L., (2010). Diabetes in children and adolescents. Developed in collaboration with the International Society for Pediatric and Adolescent Diabetes (ISPAD), 1st edition

  5. Smart E. C., Annan F., Higgins A. L., Jelleryd E., Lopez M. & Acerini L.C (2018). Nutritional management in children and adolescents with diabetes. ISPAD Clinical Practice Consensus Guidelines, DOI: 10.1111/pedi.12738


1,344 views0 comments
bottom of page