Бета-глуканите се полисахариди кои природно се наоѓаат во клеточните ѕидови на габи, квасци, алги, бактерии, лишаи и житарките овес и јачмен. Овие растворливи диетални влакна обезбедуваат силен поттик на имунолошкиот систем, како и голем број други здравствени придобивки. Препорачаниот дневен внес на диетални влакна треба да изнесува 30 гр, кои потешко успеваме да ги внесеме па поради тоа, бета-глуканите како хранлива материја наоѓаат голема примена како додаток во храната а воедно се користат за фармацевтски и терапевтски цели. Придобивките од консумацијата на бета-глуканитите се манифестираат како метаболички и имуностимулаторни бенефити врз нашето здравје.
Метаболитичките ефекти се значајни за дигестивното здравје и општата благосостојба на ГИТ (гастроинтестиналниот тракт). Наједноставен начин за внес на бета-глуканите е консумација на цели зрна овес и јачмен. Здравствените бенефити кои ги добиваме преку нивните процеси се следниве:
Одржување на телесната тежина при што се зголемува ситоста и одржувањето на нивото на шеќер во крвта;
Намалување на холестеролот и триглицеридите кои се значајни за целокупното здравје на срцето;
Дејството како пребиотици кои промовираат здрави цревни бактерии во ГИТ.
Имуностимулаторните ефекти влијаат преку зајакнување на имунолошкиот систем па така можат да учествуваат во спречување на настинки, грип, и како превентивна мерка против некои видови канцер. Вакви ефекти пројавуваат бета глуканите кои се наоѓаат во некои видови лековити печурки, кафеави алги, квасци и микроалги, а нивните потенцијални придобивки врз имунолошкиот систем се следните:
Подобрување на имунолошкиот систем при што помагаат во одбраната од вируси, инфекции, настинки и грип, а исто така, може да го одржува имунолошкиот систем под контрола и да го спречи неговото прекумерно активирање;
Помагаат во активирање на т.н борбени клетки, како што се Т-клетките, кои го спречуваат ширењето и растот на клетките на ракот;
Можат да помогнат во управувањето со дијабетесот при што ги спречуваат компликациите поврзани со дијабетесот преку регулирање на нивото на шеќер во крвта, одржување на крвниот притисок во нормален опсег и намалување на холестеролот;
Најголемо антибактериско, антивирусно и антиканцерогено својство покажале бета-глуканите изолирани од клеточниот ѕид на клетки од квасец. Една таква комбинација овозможува Doc Beta Glucans, во форма од 60 таблети од 250 мг. Количина од 500 мг бета глукан дневно е доволна за нашиот организам да е подготвен да се бори со вирусни и бактериски инфекции. Бидејќи се наоѓаме на прагот на зимските ладни месеци кога имунитетот знае помалку да не издаде, Doc Beta Glucans претставува вистинско решение за јак имунитет.
References:
Murphy J.E., Rezoagli E., Major I., Rowan N. & Laffey G. J. (2021). Β-Glucans. Encyclopedia 2021, 1, 831–847. https://doi.org/10.3390/encyclopedia1030064
Hughes J. & Grafenauer S. (2021). Oat and Barley in the Food Supply and Use of Beta Glucan Health Claims. Nutrients, 13, 2556. https://doi.org/10.3390/nu13082556
Vetvicka V., Vannucci L., Sima P & Richter J. (2019). Beta Glucan- Supplement or Drug? From Laboratory to Clinical Trials. Molecules, 24, 1251; doi: 10.3390/molecules 24071251
Let's Health!
Здравје и енергија, виталност и убавина.
ความคิดเห็น