top of page
  • Татјана Павлова, Магистер по Нутриционизам

4 супер здрави семиња, што треба веднаш да ги вметнете во секојдневната исхрана

Updated: Nov 4, 2021

Семињата се добар извор на растителни - здрави масти, влакна и минерали, познати уште од античко време. И покрај тоа што се мали по големина, семките се суперхранливи. Познато е дека тие се моќен пакет полн со хранливи материи и може да се консумираат секојдневно за огромен број здравствени придобивки. Со голема количина на растителни влакна, масти, витамини, минерали и антиоксиданси присутни во нив, семињата можат да ви помогнат да ја намалите телесната тежина без гладување бидејќи обезбедуваат доволно енергија за цел ден.


Семињата изобилуваат со:

  • Железо – допринесува за нормално формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин и транспорт на кислород во телото.

  • Калциум – критичен за здравјето на коските.

  • Магнезиум – минерал кој помага за хидратација и здравје на цревата и мозокот, минерал кој често го немаме доволно.

  • Фосфор - важен за многу функции на телото, вклучително и поправка на клетките и филтрирање на отпадот.

  • Бакар- одговорен во одржувањето на здрави нервни клетки, вклучен во формирањето на колагенот во телото, како и апсорбцијата на железото

Сепак, не секое семе е здраво. Во продолжение 4 здрави семиња кои мора да ги вметнете во Вашата секојдневна рутина. Консумирани поединечно или заедно секое од нив изобилува со хранливи материи кои имаат позитивно влијание врз нашето здравје.


Лен (Linum usitatissimun L) - идеалниот состав на незаситени масни киселини му овозможува да учествува во спречување или намалување на ризикот од заболувања, како дијабетес, лупус нефритис, артериосклероза и некои видови карциноми, поради содржината на железо заедно со сусамовото семе да учествуваат во борбата со анемијата.


Сусам (Sesamum indicum L.) - сезаминот и сезамолот присутни во сусамот делуваат како антиоксиданти, а како супер храна бележи бројни придобивки во лекувањето на проблеми со црниот дроб. Извор е на магнезиум, Б1 (тиамин), бакар, калциум, цинк, манган, фосфор и железо, а поради содржината на лигнани помага за зајакнување на клетките во човековото тело.


Сончоглед (Helianthus annuus L.) - изобилува со витамин Е - антиоксидант одговорен за убавина на кожата. Протеините од семето се богати со сулфур кој се клучни за многу метаболни процеси во човековиот организам, вклучувајќи развој на мускулни и коскени клетки и производство на инсулин.


Семки од тиква (Cucurbita sp.) - Присуството на витамин А, Е и Zn кој игра значајна улога во подобрувањето на меморијата и работата на мозокот. Содржат протеини и висок процент на масло а печените семки од тиква содржат значително голема количина на зеаксантин- каротеноид одговорен а макуларната деградација.


Doc Omega 3 содржи висока концентрација на природни Омега 3, со особено висока концентрација на најважните масни киселини EPA (Eicosapentaenoic Acid) и DHA (Docosahexaenoic Acid), во оптимална чиста и потентна форма. Овие два типа на масни киселини најчесто се присутни во помрсниот вид на риба како на пример лосос, сардина или скуша.


Doc Omega 3-6-9 e премиум мешавина од Омега 3, 6 и 9, есенцијални масни киселини кои се добиени од рибино, ленено и сончогледово масло. Овие есенцијални масти се потребни за неколку физиолошки функции и треба да бидат дел од нашата исхрана, бидејќи телото не може да ги прави самостојно.



References:

  1. Saleem H., Sadaqat H.A., Razzaq H., et al. (2021). Sesame as functional food. Gastroenterol Hepatol Open Access. 2021;12 (3):89‒92. DOI: 10.15406/ghoa.2021.12.00462;

  2. Rubilar M., Gutiérrez C., Verdugo M., Shene C. & Sineiro J. (2010). Flaxseed as a source of functional ingredients. J. soil sci. plant nutr. 10 (3): 373 – 377;

  3. Dottoa M.J. & Chacha S.J. (2020). The potential of pumpkin seeds as a functional food ingredient- A review. Scientific African 10 e 00575

Let's Health!

Здравје и енергија, виталност и убавина.

925 views0 comments
bottom of page