top of page
  • Татјана Павлова, Магистер по Нутриционизам

Жолтиот пигмент и неговите здравствени придобивки

Жолтиот пигмент (куркумин) со своите придобивки кој ги нуди претставува тренд и влијателно медицинско оружје за целокупното човеково здравје. Куркуминот се добива од ризомот на растението Curcuma longa L. (семејство Zingiberaceae) и сочинува 60% до 70% сурови екстракти од куркумата. Неговата значајност се должи на содржината моќни антиоксиданси кои смирувачки делуваат на стомачните тегоби, на ублажување на болката во зглобовите и е потенцијално оружје во борбата против низа хронични заболувања, вклучувајќи рак, дијабетес, синдром на нервозно дебело црево и артритис. Поради тоа со право денеска претставува златна ѕвезда како антиинфламаторна храна.



Куркуминот е слабо растворлив во вода, и има ограничена биорасположливост во човековиот организам. За таа цел секогаш се комбинира со фитохемикалии и различни микро емулзии кои ќе ја подобрат неговата биорасположливост. Внесен преку храна секогаш се препорачува да се користи со пиперин (фитохемикалија содржана во биберот) и масло, кои создаваат идеална средина со цел поголема достапност на куркуминот.


Здравствените придобивки на куркуминот

Свесноста за куркуминот и неговата употреба за медицински цели е во постојан пораст. Неговата редовна употреба може да има низа бенефити меѓу кои најистакнати се следните:


  • Помага за подобра дигестија особено при дигестивни нарушувања како што се гасови, надуеност и воспалителна болести на цревата, поради антиинфламаторните својства;

  • Антинфламаторни својства кои се манифестираат преку молекули одговорни за воспаление и преку тоа се намалува прекумерното или хроничното воспаление а исто така потенцијално ги ублажува воспалителните состојби, артритис и панкреатитис;

  • Пројавува антиканцерогени својства кои се потврдени преку некои студии кои ги потврдиле антиканцерогените својства, особено за клетките на ракот на дојката, цревата, желудникот и кожата;

  • Помага да се контролира нивото на шеќер во крвта и потенцијално помага во лекување или спречување на дијабетес тип 2;

  • Го подобрува здравјето на срцето преку подобрување на холестеролот и крвниот притисок.

  • Заштитува од вируси, па така додаден и во мали дози има способност да ги подобри реакциите на антителата, помагајќи му на телото во борба со вирусите. Раните истражувања покажуваат дека куркуминот може дури и да помогне во ублажување на некои од симптомите на КОВИД-19 и во намалувањето на клинички манифестации (треска, кашлица и диспнеа) ;

  • Помага во спречување или забавување на прогресијата Алцхајмерова болест;

  • Помага при депресија бидејќи има способност да го зголеми серотонинот и допаминот кои влијаат на расположението;

  • Помага во работата на црниот дроб, при што ја поттикнува детоксикацијата и ги намалува нарушувањата на црниот дроб;

  • Помага при одржување на телесната тежина бидејќи го регулира нивото на лептин, го намалува БМИ и обемот на струкот;

Додатокот во исхраната Doc Turmeric 2500mg содржи екстракт од куркума со висока концентрација на Куркумин. Куркума доаѓа од корените на растението Куркума Лонга и се користи илјадници години во практичната традиционална медицина во Азија.


Doc Turmeric 2500mg е иновативен додаток во исхраната со екстракт од куркума како единствена состојка. Најголем проблем на куркумата и нејзината главна активна состојка куркумин, честопати претставува апсорпцијата во човечкотот тело. Затоа Куркума од Doc Pharma е дизајнирана на начин што ја зголемува растворливоста и биорасположивоста на куркумин, со цел подобро да се апсорбира од телото. Подобрувањето на биорасположивоста се базирана зголемување на растворливоста на Куркумин; повисока растворливост е постигната со претходна формулација на микро-емулзии. Формирањето на микро-емулзии е направено со висок HLB (хидрофилен-липофилен баланс) емулгатор полиетилен гликол 6000 во комбинација со куркумин во добро дефиниран сооднос за да се добијат стабилни цврсти дисперзии.


Doc Turmeric 2500mg е нaменет за смирување и регулација на сите видови воспаленија, отоци и болки во организмот, особено воспаленија на сврзното ткиво, зглобовите или мускулите, го подобрува и антиоксидативниот капацитет на организмот и помага во борбата со малигни заболувања и воспаленија на сите органи пособно воспаленија на цревата, крвните садови и простатата. Doc Turmeric 2500mg е одличен природен производ кој има силно аналгетско дејство за смирување на болки и кај сите состојби со хронични болки и воспалнија, може да се користи долгорочно и без прекин.

References:

Bhowmik D., Chiranjib K. P., Kumar S., Chandira M & Jayakar B. (2009).Turmeric: A Herbal and Traditional Medicine. Scholars Research Library. Archives of Applied Science Research, 1 (2) 86-108

Nasri H., Sahinfard N., Rafieian M., Rafieian S., Shirzad M & Rafieian-kopaei M. (2014). Turmeric: A spice with multifunctional medicinal properties. J Herb Med Pharmacol. 3 (1): 5-8

Keith S. (2020). Turmeric, Potential Health Benefits. Nutrition science Nutrition Today: 1/2 2020 - Volume 55 - Issue 1 - p 45-56

Bruna A. C. R., Ramos G.S. & Celes R.N.M (2021).Curcumin as a Potential Treatment for COVID-19. Front. Pharmacol. 12:675287. doi: 10.3389/fphar.2021.675287

2,562 views0 comments
bottom of page