top of page
  • Writer's pictureХЕЛТИКА ФАРМ

Бакар, поштар кој ја овозможува комуникацијата помеѓу нервните клетки.

Updated: Nov 4, 2021

Како природен елемент, бакарот го има насекаде околу нас. Бакарот е еден од ретките минерали, што може да се најде во директно употреблива форма за кој не е потребна дополнителна екстракција од руда како што е случајот со останатите метали.


Употребата на бакарот датира уште пред 8000 год, пред нашата ера. Во Римската ера, бакарот главно се ископува на Кипар, за што говори и неговото име добиено од називот aes syprium (метал на Кипар). Бакарот има најразновидна употреба во градежништвото, во изградбата на згради и кровови, било во елементарна форма или во форма на посложени соединенија како пигменти.



Бакарот е минерал кој се наоѓа низ човечкото тело, и е потребен во многу мали траговни концентрации. Живата, Оловото и Арсенот се примери на тешки метали кои се штетни за нашето здравје, но внесувањето на Бакар во минимални концентрации е значајно за човечкиот организам.

Здравствените придобивки од бакар се бројни. Бакарот е од суштинско значење за развој на фетус кај бремени жени и за раст и разбој на новороденчиња, јачина на коските, созревање на црвени и бели крвни клетки, транспорт на железо, холестерол и метаболизам на гликоза, контракција на срцевиот мускул и развој на мозокот.


Ниските нивоа на бакар може да доведат до:

  • Анемија;

  • Ниска телесна температура;

  • Фрактури на коските;

  • Остеопороза;

  • Губење на пигментацијата на кожата и косата;

  • Проблеми со тироидната жлезда;

  • Зголемен ризик од инфекција;

Според упатствата за исхраната на Светската здравствена организација, препорачан дневна доза на бакар е помеѓу 1 - 2 mg.


Бакарот има значајна улога во човековото здравје вклучувајќи:

  • Создавање на црвените крвни клетки;

  • Регулација на крвниот притисок и срцевата работа;

  • Апсорпција на железо;

  • Превенција на воспаление на простата;

  • Одржување на нормална функција на мозокот, кожата, сврзното ткиво;

  • Активност на имунолошкиот систем;

  • Третман на артритис и остеопороза;

  • Намалување на Холестеролот;

Бенефити за кожата:

Покрај многубројните здраствени бенефити, Бакарот има значајна улога во одржувањето на здравјето на кожата. Бакарот учествува во продукцијата на меланин, пигмент кој е одговорен за бојата на кожата и косата. Бакарот исто така учествува во процесот на продукција на колагенот и репарацијата на кожата.

Doc Collagen со биоактивни колаген пептиди Peptan, збогатен со хијалуронска киселина, витамин Б комплекс (Б1, Б2, Б5 и Б6), Биотин (Витамин Б7), витамин Ц, минерали Цинк и Бакар.


Let's Health!

Здравје и енергија, виталност и убавина.


365 views0 comments
bottom of page