top of page
  • facebook
  • instagram
  • Pinterest
  • Twitter
  • Youtube

Што е хијалуронска киселина?

Writer's picture: ХЕЛТИКА ФАРМХЕЛТИКА ФАРМ

Updated: Nov 4, 2021

Хијалуронска киселина е природна супстанција која нормално се произведува во телото со цел да се хидрира ткивото. Се наоѓа во изобилство во зглобовите и е главна компонента на синовијалната течност. Тоа е особено важно бидејќи е главен фактор кој ја одржува подмачканоста и заштитата на зглобовите. Бидејќи хијалуронската киселина е екстремно хидрофилна молекула (таа се акумулира и врзува количина на вода што е 1000 пати поголема од сопствената тежина), таа обезбедува длабока хидратација и младешка кожа. Најголемата предност што хијалуронската киселина може да ја понуди, е тоа што има многу висок капацитет за задржување на вода, без разлика дали е на кожата, во очите или во меките ткива.

По возраст од 25 години или поради болест и повреди, производството на хијалуронска киселина во телото се намалува. Произведената хијалуронска киселина има релативно пониска молекуларна маса и нејзината ефикасност во телото е исто така намалена. Ова доведува до зголемено триење на зглобовите, ‘рскавицата и мускулите. Кожата станува тенка, го губи волуменот и еластичноста, кожата станува дехидрирана, а ова создава предуслови за развој на брчки.

Хијалуронска киселина се наоѓа природно во повеќето клетки во телото и се јавува во високи концентрации на специфични локации на телото. За жал, Хијалуронска киселина, исто така, има мал-живот (времето потребно за молекулата да се распадне и излачува од телото) помалку од 3 дена. Поради оваа причина, императив е телото постојано да се надополнува со Хијалуронска киселина.

Многу луѓе трошат безброј часови користејќи штетни производи за убавина за да ја одржат нивната кожа да изгледа енергична и млада. Но, постои подобар начин, а тоа е хијалуронска киселина која може да Ви помогне вашата кожа да блеска, без штетни несакани ефекти.

Хијалуронска киселина често се препорачува од страна на дерматолози, ортопеди и други лекари, а допринесува да се подобри текстурата и изгледот на кожата, намалување на болките во зглобовите и други симптоми поврзани со стареењето.

Во текот на изминатите две децении, клиничките истражувања покажаа дека корисните функции на хијалуронска киселина вклучуваат хидратација, подмачкување на зглобовите, капацитет за полнење на празнината во ткивото и помеѓу клетките, што допринесува за градење рамка преку која клетките мигрираат, допринесува за брза регенерација на ткивото и брзо заздравување на рани, регулирање на активирањето на воспалителни клетки (намалување на воспаление во организмот), подобрување и зајакнување на имунолошкиот систем, одржување на епителните клетки на кожата и сл.

Doc Hyaluronic Acid, 95% чиста хијалуронска киселина, произведенa по пат на Био-ферментација на микроорганизми и не содржи животински елементи. Doc Hyaluronic представува висококвалитетен додаток во исхраната за пиење кој се одликува со висока молекуларна тежина од ~ 1.500.000 Далтони, што овозможува брза апсорпција и висока ефикасност во организмот. Хијалуронската киселина внесена орално во најголем процент завршува во кожата и зглобовите.

Хијалуронската киселина допринесува за длабока хидратација и еластичност на кожата, здраво функционирање на зглобовите, анти-воспалително дејство. Подобрување на функцијата на мускулно-скелетен систем.

Doc Hyaluronic Acid е корисен во следниве телесни функции:


Мускулно-скелетен систем

  • Ги подмачкува зглобовите, со што се намалува триењето и ја подобрува нивната мобилност.

  • Ги штити зглобовите, мускулите и ‘рскавицата против стареењето.

  • Ги апсорбира вибрациите што се јавуваат за време на вежбањето, и додека зглобовите се движат воопшто.

  • Го намалува воспалението со ублажување на болката.

Кожа

  • Дава влажност на кожата и притоа и овозможува младешки изглед,.

  • Ја зголемува еластичноста на кожата.

  • Спречува настанување на брчки.

  • Помага да се создаде ново ткиво со спречување на лузни.

  • Помага за заздравување на раните.

Очи

  • Обезбедува влага во очите и им помага да останат чисти, подмачкани и здрави.

Кардиоваскуларен систем

  • Може да допринесе во навлажнување и подмачкува срцеви залистоци.

Doc Hyaluronic Acid се препорачува на:

  • Секој кој има проблеми со зглобовите. Жените во менопауза кои чувствуваат замор или болка во зглобовите.

  • Секој постар од 50 години, за одржување на здравјето на очите и кардиоваскуларниот систем, како и за ублажување на болката во коските и зглобовите.

  • Секој кој редовно вежба, да го намали триењето во зглобовите, да го врати мускулното ткиво и побрзо да ги лекува повредите.

  • Секој кој сака да ги заштити зглобовите како превенција, да го забави стареењето и да ја освежи кожата, косата и ноктите и да им даде младешки изглед.

Doc Hyaluronic е произведен во Грција и ги исполнува сите критериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008,а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.


Let's Health!

Здравје и енергија, виталност и убавина.


9.018 views0 comments

Recent Posts

See All

Коментарі


bottom of page