top of page


Бесплата достава за секоја сметка над 1000,00 денари
 

Doс MSM & Vitamin C

Doс MSM & Vitamin C

ден540,00Price

Додаток во исхраната со MSM(Methylsulfonylmethane) и витамин Ц кој придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на 'рскавицата, зглобовите и коските.

 

  • Количина: 60 таблети
  • Погоден за вегани
  • Не содржи глутен, лактоза, гликоза, сол

MSM (Methylsulfonylmethane) органско соединение на сулфур и една од најчестите супстанции што се наоѓаат во организмот и е градежен блок за коските и зглобовите. MSM (Methylsulfonylmethane) обезбедува сулфур кој е потребен за многу различни основни функции во телото. Тој игра важна улога во производството на глукозамин, кој е важен за коските и зглобовите. Глукозамин е природно присутен во коските и 'рскавицата и се смета за градежен блок за зглобовите и' рскавицата.

 

MSM (Methylsulfonylmethane) во мали количини природно може да се најде во одредени видови на храна - кравјо млеко, некои видови месо, морски плодови, овошје и зеленчук и слично. MSM содржи сулфур, хемиски елемент за кој се знае дека игра улога во многу биолошки процеси. Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата.

 

Витаминот Ц учествува во нормалната функција на имунолошкиот систем, како и во производството на енергија во организмоти има високо антиоксидативно дејство.

 

MSM (Methylsulfonylmethane) придонесува за :

 

  • Нормална функција на 'рскавицата, зглобовите и коските.
  • Нормално производство на колаген, кератин и еластин.
  • Подобрена флексибилност на зглобовите, ткивата и крвните садови.
  • Помага во олеснување на болка во зглобовите и помага во регенерација на зглобовите.
  • Го забрзува процесот на мускулно опоравување и ги намалува симптомите на воспаление на мускулите.
  • Помага во заштита на клетките од оксидативен стрес (антиоксидативно дејство).

 

Производите на Doc Pharma се дизајнирани со целосно почитување на човековата природа и врз основа на потребите на современите луѓе. Во процесот на производство засновано врз строги фармацевтски стандарди и протоколи GMP, се користат внимателно избрани суровини со висок квалитет, одлична чистота и секогаш во концентрации идеални за потребите на современите мажи и жени.

 

Научно заснованиот избор на вистински хранливи материи, во вистинска комбинација и во идеална содржина, создава високо квалитетни додатоци во исхраната кои ги поддржуваат потребите на современиот начин на живот.

 

Doc MSM & Vitamin C е произведен во Грција и ги исполнува сите креитериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008, а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.

Поврзани Производи

Accessories

Make this your own.

Add the content you want.

bottom of page