top of page


Бесплата достава за секоја сметка над 1000,00 денари
 

Doс MSM & Glucosamine

Doс MSM & Glucosamine

ден550,00Price

Doс MSM & Glucosamine додаток во исхрана со MSM (Methylsulfonylmethane) и глукозамин (Glucozamine), збогатен со хондроитин (Chondroitin) и био-активен колаген тип II. Придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на 'рскавицата, зглобовите и коските.

 

  • Количина: 60 таблети
  • Не содржи глутен, лактоза, гликоза, сол

MSM (Methylsulfonylmethane) органско соединение на сулфур и една од најчестите супстанции што се наоѓаат во организмот и е градежен блок за коските и зглобовите. MSM (Methylsulfonylmethane) обезбедува сулфур кој е потребен за многу различни основни функции во телото. Тој игра важна улога во производството на глукозамин, кој е важен за коските и зглобовите. Глукозамин е природно присутен во коските и 'рскавицата и се смета за градежен блок за зглобовите и' рскавицата.

 

MSM (Methylsulfonylmethane) во мали количини природно може да се најде во одредени видови на храна - кравјо млеко, некои видови месо, морски плодови, овошје и зеленчук и слично. MSM содржи сулфур, хемиски елемент за кој се знае дека игра улога во многу биолошки процеси. Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата.

 

Глукозамин (Glucosamine) е природно соединение кое е хемиски класифицирано како амино шеќер. Глукозамин е градежен блок за различни функционални молекули во човечкотот тело, но примарно е поврзан со развој и одржување на 'рскавицата во зглобовите. Кај луѓето, тоа помага во формирање на 'рскавица и најчесто се користи како додаток во исхраната за лекување на нарушувања на зглобовите како остеоартритис. Глукозамин се јавува природно во организмот, но нивоата паѓаат како што стареат луѓето. Со текот на времето, намалувањето може да придонесе за влошување на состојбата на зглобовите, зголемено триење, болка, намалена подвижност.

 

Колаген тип II е фибриларен протеин составен од 3 долги ланци на аминокиселини кои формираат цврсто спакувана мрежа од фибрили и влакна. Тоа е главната компонента на 'рскавицата во телото. Колаген тип II е клучна компонента која допринесува за цврстина и еластичност на 'рскавицата.  Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.

 

MSM (Methylsulfonylmethane) & Glucosamine придонесува за :

  • Нормална функција на 'рскавицата, зглобовите и коските.
  • Нормално производство на колаген, кератин и еластин.
  • Подобрена флексибилност на зглобовите, ткивата и крвните садови.
  • Помага во олеснување на болка во зглобовите и помага во регенерација на зглобовите.
  • Го забрзува процесот на мускулно опоравување и ги намалува симптомите на воспаление на мускулите.
  • Помага во заштита на клетките од оксидативен стрес (антиоксидативно дејство).

 

Производите на Doc Pharma се дизајнирани со целосно почитување на човековата природа и врз основа на потребите на современите луѓе. Во процесот на производство засновано врз строги фармацевтски стандарди и протоколи GMP, се користат внимателно избрани суровини со висок квалитет, одлична чистота и секогаш во концентрации идеални за потребите на современите мажи и жени.

 

Научно заснованиот избор на вистински хранливи материи, во вистинска комбинација и во идеална содржина, создава високо квалитетни додатоци во исхраната кои ги поддржуваат потребите на современиот начин на живот.

 

Doс MSM & Glucosamine е произведен во Грција и ги исполнува сите креитериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008, а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.

Поврзани Производи

Accessories

Make this your own.

Add the content you want.

bottom of page