top of page


Бесплата достава за секоја сметка над 1000,00 денари
 

Doc Collagen + Doc Hyaluronic

Doc Collagen + Doc Hyaluronic

ден2.600,00 Regular Price
ден2.080,00Sale Price

Doc Collagen

Doc Collagen представува висококвалитетен додаток во исхраната за пиење, кој содржи сертифициран хидролизиран колаген тип 1 кој доаѓа од чист, природен извор на риба и се одликува со лесна и брза апсорпција во човечкото тело во идеална доза (5 г во поединечна доза). Doc Collagen е збогатен со хијалуронска киселина, витамин Б комплекс (Б1, Б2, Б5 и Б6), Биотин (Витамин Б7), витамин Ц, минерали Цинк и Бакар.

 

Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Молекуларната маса на пептидите Lapi е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 3.000 Далтони. Пептидите Lapi се карактеризираат со комбинација од 18 клучни амино киселини, со особено висока концентрација на Глицин 24%, Пролин /Хидроксипролин 26%, Есенцијални Аминокиселини 18%, Глутаминска Киселина 7%, Аргинин 10%, Аланин 8%. Овој специфичен состав на аминокиселините обезбедува колаген пептиди со функционални својства кои не можат да се најдат со други протеински извори. Пептидите Lapi се биодостапни и лесно сварливи, што овозможува над 90% од колаген пептидите да се абсорбираат во телото, во рок од неколку часа од внесување (ингестијата). 

 

Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата. Тоа е “лепак” кој помага да се одржи телото заедно. Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.

 

Колагенот во комбинација со витамините и минералите придонесува во:

  • Придонесува во одржување на поцврста, сјајна, мека, еластична и мазна кожа.
  • Придонесува во зголемување на хидрацијата на кожата за 28%, намалување на микробразите за 26% и зголемување на еластичноста на кожата за 19%.
  • Придонесува во регенерација и зараснување на тетивите и на лигаментите.
  • Придонесува за одржување на здрави зглобови и коски.
  • може да поттикне зголемена синтеза на хондроцити ('рскавични клетки), што доведува до зголемено производство на агрекан и колаген тип 2, двете главни компоненти на' рскавицата. Ова може да ги редуцира деградирачките ефекти на 'рскавицата при остеоартрит.
  • Придонесува во намалување на болката и симптомите кај состојби на остеопороза ги стимулира остеобластите, се враќа природната еластичност и цврстина на коските.
  • Придонесува спречување на негативните ефекти на саркопенија (губење на мускулната маса).
  • Придонесува за одржување на здрави нокти и здрава и цврста коса.
  • Придонесува во подобрување на имунолошкиот систем.
  • Придонесува во подобрување на циркулацијата.

 

Doc Collagen е висококвалитетен додаток во исхраната за пиење наменет за возрасни лица со извонреден вкус на јагода и не содржи шеќер, засладен со Стевија.

 

Doc Collagen е произведен во Грција и ги исполнува сите креитериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008,а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.

 

Doc Hyaluronic

Doc Hyaluronic Acid, 95% чиста хијалуронска киселина, произведенa по пат на Био-ферментација на микроорганизми и не содржи животински елементи. Doc Hyaluronic представува висококвалитетен додаток во исхраната за пиење кој се одликува со висока молекуларна тежина од ~ 1.500.000 Далтони, што овозможува брза апсорпција и висока ефикасност во организмот. Хијалуронската киселина внесена орално во најголем процент завршува во кожата и зглобовите.

 

Хијалуронската киселина допринесува за длабока хидратација и еластичност на кожата, здраво функционирање на зглобовите, анти-воспалително дејство. Подобрување на функцијата на мускулно-скелетен систем.

Препорачаната доза  

Doc Collagen - 20ml дневно, по можност пред ноќен сон. Може да се користи растворено во вода или овошен сок.

Doc Hyaluronic

За Пиење: Препорачаната доза е 7 капки (1ml) 1-3 пати на ден пред јадење (на празен желудник). Може да се консумира чист или растворен во вода или сок.

За нанесување на кожа: Доколку се употребува на кожата, нанесете 1-2 капки директно сува или влажна кожа и внимателно протријте.

Поврзани Производи

Accessories

Make this your own.

Add the content you want.

bottom of page