Doc Collagen со биоактивни колаген пептиди Peptan, збогатен со хијалуронска киселина, витамин Б комплекс (Б1, Б2, Б5 и Б6), Биотин (Витамин Б7), витамин Ц, минерали Цинк и Бакар. Молекуларната маса на пептидите Peptan е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 3.000 Далтони.
Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Молекуларната маса на пептидите Peptan е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 3.000 Далтони. Пептидите Peptan се карактеризираат со комбинација од 18 клучни амино киселини, со особено висока концентрација на Глицин 24%, Пролин /Хидроксипролин 26%, Есенцијални Аминокиселини 18%, Глутаминска Киселина 7%, Аргинин 10%, Аланин 8%. Овој специфичен состав на аминокиселините обезбедува колаген пептиди со функционални својства кои не можат да се најдат со други протеински извори.
Пептидите Peptan се биодостапни и лесно сварливи, што овозможува над 90% од колаген пептидите да се апсорбираат во телото, во рок од неколку часа од внесување (ингестијата).
Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата. Тоа е “лепак” кој помага да се одржи телото заедно. Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.
Колагенот во комбинација со витамините и минералите придонесува во:
- Придонесува во одржување на поцврста, сјајна, мека, еластична и мазна кожа.
- Придонесува во зголемување на хидрација на кожата за 28%, намалување на микробразите за 26% и зголемување на еластичноста на кожата за 19%.
- Придонесува во регенерација и зараснување на тетивите и на лигаментите.
- Придонесува за одржување на здрави зглобови и коски, може да поттикне зголемена синтеза на хондроцити ('рскавични клетки), што доведува до зголемено производство на агрекан и колаген тип 2, двете главни компоненти на' рскавицата. Ова може да ги редуцира деградирачките ефекти на 'рскавицата при остеоартрит.
- Придонесува во намалување на болката и симптомите кај состојби на остеопороза ги стимулира остеобластите, се враќа природната еластичност и цврстина на коските.
- Придонесува спречување на негативните ефекти на саркопенија (губење на мускулната маса).
- Придонесува за одржување на здрави нокти и здрава и цврста коса.
- Придонесува во подобрување на имунолошкиот систем.
- Придонесува во подобрување на циркулацијата.
Doc Collagen е висококвалитетен додаток во исхраната за пиење наменет за возрасни лица.
- Без мирис и вкус на риба, со вкус на јагода.
- Без алергии, Без глутен, Без лактоза, Без алкохол.
- НЕ содржи шеќер и други вештачки засладувачи, засладен со Стевија.
Производите на Doc Pharma се дизајнирани со целосно почитување на човековата природа и врз основа на потребите на современите луѓе. Во процесот на производство засновано врз строги фармацевтски стандарди и протоколи GMP, се користат внимателно избрани суровини со висок квалитет, одлична чистота и секогаш во концентрации идеални за потребите на современите мажи и жени.
Научно заснованиот избор на вистински хранливи материи, во вистинска комбинација и во идеална содржина, создава високо квалитетни додатоци во исхраната кои ги поддржуваат потребите на современиот начин на живот.
Doc Collagen е произведен во Грција и ги исполнува сите критериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008,а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.