top of page


Бесплата достава за секоја сметка над 1000,00 денари
 

Додаток на храна базиран на Органски Алое Вера гел (barbadensis miller) со 99,7% чистота на алое вера гел и висока концентрација (200:1) 100% алое вера гел во секоја доза, збогатен со витамин Е, Цинк и Биотин. За сјајна коса и нокти и силен имунолошки систем.

 

 

  • Без додаден шеќер со Стевија
  • Без алоин
  • Со вкус на лимон
  • Погоден за вегани
  • Пакување 250ml

 

Doc Aloe Vera 250ml

ден950,00 Regular Price
ден490,00Sale Price
  • Doc Aloe Vera  висококвалитетен додаток во исхрана за пиење, кој содржи Органски Алое Вера гел (barbadensis miller) со 99,7% чистота на алое вера гел и висока концентрација (200:1) 100% алое вера гел во секоја доза, збогатен со витамин Е, Цинк и Биотин.

     

    Алое Вера е составен од амино киселини, минерали и шеќери кои го помагаат зајакнуваат човечкиот организам, ги поправаат оштетувањата на ткивата и го намалуваат воспалението. Иако Алое Вера составена од околу 99% вода, преостанатиот 1% е исклучително моќен и содржи многу минерали од витално значење за процесот на раст и здрава функција на сите системи во човековото тело. Состојките во алое може да се групираат во следниве категории: витамини, минерали, ензими, лигнини, аминокиселини, антракинони, сапонини, масни киселини, салицилна киселина.

     

    Според сите направени истражувања, Барбаденсис-Милер (Barbadensis-miller) е најдобар вид на алое, како за локална (надворешна) така и за внатрешна (орална) употреба.

     

    Алое вера содржи така наречени протеолитички ензими (proteolytic enzymes ) кои влијаат на регенерација на мртвите клетки на кожата на скалпот, што влијае на подобрување на здравјето на косата во целост и допринесува за мазна и сјајна коса. Го промовира растот на косата, го спречува чешањето на скалпот и го намалува првут.

     

    Алое Вера гел содржи два клучни хормони: Auxin и Gibberellins. Овие два хормони допринесуваат за побрзо лекување на рани и имаат анти-воспалителни својства кои го намалуваат воспалението на кожата. Покрај тоа, Алое се користи за ефикасно лекување на хронични проблеми со кожата како псоријаза, акни и егзема.

     

    Алое Вера придонесува во:

    • Подобрување состојбата на дигестивниот систем и помага при варање на храната.
    • Го зајакнува имунолошкиот систем.
    • Помага при третирање на рани, изгореници и воспаление.
    • Го намалува холестеролот.
    • Ги намалува симптомите од псоријаза и други проблеми со кожата.
    • Го алкалинизира телото.
    • Има антиоксидантни и антибактериски својства.
    • Влијае на намалување на брчките и зголемување на еластичноста на кожата.
    • Превенција и третман на акни.
    • Ги зајакнува косата и никтите и сл.

     

    Doc Aloe Vera има неодолив вкус на лимон со органски Алое Вера гел (barbadensis miller) со висока концентрација (200:1).

    • НЕ содржи Алоин и
    • НЕ содржи шеќер, и други вештачки засладувачи, засладен со Стевија.

     

    Производите на Doc Pharma се дизајнирани со целосно почитување на човековата природа и врз основа на потребите на современите луѓе. Во процесот на производство засновано врз строги фармацевтски стандарди и протоколи GMP, се користат внимателно избрани суровини со висок квалитет, одлична чистота и секогаш во концентрации идеални за потребите на современите мажи и жени.

    Научно заснованиот избор на вистински хранливи материи, во вистинска комбинација и во идеална содржина, создава високо квалитетни додатоци во исхраната кои ги поддржуваат потребите на современиот начин на живот.

     

    Doc Aloe Vera е произведен во Грција и ги исполнува сите креитериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008, а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.

Поврзани Производи

Accessories

Make this your own.

Add the content you want.

bottom of page