top of page

Како да нарачам

Сите производи кои ги имаме на залиха можете да ги купите со директна нарачка на нашата веб страна. Можете да изберете да платите при преземањето на пратката, со Вашата кредитна или дебитна картичка, или пак со Вашата PayPal сметка. Доколку сакате може да направите и телефонска нарачка на број +38975724575.

 

Изберете го посакуваниот производ и кликнете на копчето „Во кошничка“ на страницата на производот. Вашата потрошувачка кошничка се наоѓа во десниот горен агол од сајтот. За да ги нарачате производите кои се наоѓаат во Вашата кошничка, кликнете на копчето „Прегледај Кошничка“.

 

Следниот прозорец е содржината на Вашата кошничка, во која имате преглед на производите кои сакате да ги порачате, како и детали за износот на трошоците за испорака и данокот (во цената на сите производи е вклучен соодветен износ на ДДВ).

За да ја извршите нарачката потребно е да кликнете на копчето „Продолжи со Плаќање“.

Во следниот чекор задолжително потребно е да ги внесете Вашите податоци:

Full Name – целосно Име и Презиме,

Email Address – Вашата електронска адреса,

Address – Вашата домашна адреса,

City – Вашиот град,

Zip Code – Зип код,

Phone Number – Вашиот телефонски број за контакт.

My billing address is the same as my shipping address – ова поле треба да остане исто доколку Вашата адреса од податоците за плаќање се совпаѓа со адресата за достава. Доколку адресите се различни, во тој случај потребно е ова поле да се откликне и да се внесе новата адреса.

 

Откако ќе ги пополните потребните задолжителни податоци, кликнете на копчето „CONTINUE“.

Во следниот прозорец имате приказ на начинот на испорака и вредноста на испораката. За сметка над 950 денари испораката е бесплатна, за сметка под 950 денари испораката чини 150 денари и ќе биде вкалкулирана во Вашиот вкупен износ за плаќање. Потребно е повторно само да кликнете на копчето „CONTINUE“.

 

Следниот чекор е избор на начин на кој сакате да платите „Choose your payment method“. Понудени се три начини на плаќање:

Плаќање со Вашата кредитна или дебитна картичка (доколку го изберете овој метод, во следниот чекор потребно е да ги внесете Вашите податоци од Вашата картичка и кликнете “Submit Your Order”). Овој метод во моментов не е достапен.

Плаќање со Вашата PayPal сметка (доколку го изберете овој метод системот автоматски ќе Ве пренасочи кон Вашата PayPal сметка каде ќе го извршите плаќањето). Овој метод во моментов не е достапен.

Плаќање при преземањето на пратката „Cash Payment“ (доколку го одберете овој начин на плаќање, Плаќањето ќе биде извршено при подигнување на нарачката од претставништвото на Карго Експрес во вашиот град).

 

По избор на соодветниот метод на плаќање кликнете на копчето “Submit Your Order” за да ја комплетирате постапката.

 

Ќе добиете e-mail порака за потврда на нарачката. Дополнително ќе бидете контактирани од нашите оператори за потврда на нарачката и Вашите податоци.

Ви Благодариме.

bottom of page